Alt Text
ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ е со проектиран капацитет за згрижување на вкупно 650 деца од предучилишна возраст од 0 – 6 години и има статус на воспитно-образовна институција, која кореспондира со соодветни просторни услови, соодветни кадровски потенцијали, психолошка служба и директор.
За нас

Градинка Павлина Велјанова

ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ е со проектиран капацитет за згрижување на вкупно 650 деца од предучилишна возраст од 0 – 6 години и има статус на воспитно-образовна институција, која кореспондира со соодветни просторни услови, соодветни кадровски потенцијали, психолошка служба и директор.
Установата располага со четири објекти во градот, еден објект во нас.Оризари и  ЦРДР во с.Тркање кој се реализира во просториите  на ОУ,,Никола Карев
МИСИЈА НА ГРАДИНКАТА:
Горди сме што растеме, играме,твориме а и учиме заедно со децата и ние ... 
во една креативна, здрава и безбедна атмосфера со еднакви можности за сите.
Директор

Директор

Објект „Бамби“ е изграден 1972 година. Се наоѓа на ул. „9-ти мај“ бр. 1 и располага со внатрешен простор од 892 м2. Проектиран капацитет за 110 децаОбјектот е реновиран 2020 година.Занималните се пространи и солидно опремени.Бројот на децата во јаслените групи е 15 деца,додека кај групите 2 до 6 години 25. Располага со 5 занимални, игрална, соодветни санитарни јазли. Објектот има простран двор со покриена летна училница, градина и нишалки.

Објектот „Ѕвездички“ е изграден 1977 година. Се наоѓа на ул. „Македонска“ бр. 2a и располага со внатрешен простор од 1350 м2 и дворна површина од околу 4400 м2. Располага со 9 занимални, соодветни санитарни јазли. Проектираниот капацитет на објектот е 160 деца.

Објектот „Сончогледи“ е изграден 1981 година. Се наоѓа на ул. „Скопска“ бр.38 . Има внатрешна површина од 1117 м2, а дворна околу 7000 м2. Во објектот има 8 занимални со проектиран капацитет за 150 деца. Исто така има кујна со трпезарија, гардероба, санитарни јазли, лекарска просторија. Објектот располага со простран двор,богат со зеленило,забавно катче како и детско игралиште.

Објектот „Цветови“ е изграден 2001 година. Се наоѓа на ул. „Гоце Делчев“ бр.22 .Внатрешната површина изнесува 1430 м2, а дворната 2700 м2. Објектот има 8 занимални и е со проектиран капацитет за 150 деца.

Објектот „Кокичиња“ се наоѓа на ул. „Кеј на револуцијара“ б.б. во нас. Оризари и истиот одговара на пропишаните со закон норми. Внатрешната површина изнесува 248 м2. Објектот има 2 занимални и е со проектиран капацитет за 50 деца над 2 до 6 годишна возраст.

Во завршна фаза е изградбата на нова детска градинка во Кочани со грант од Проект финансиран од Светска Банка, со кој се подобрува пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца. Кочани е една од првите четири општини во државата на која Министерството за труд и социјална политика соодветно одговори на потребите, со што по четириесетина години добива средства за нова, модерна градинка, проектирана по најсовремени стандарди.Нејзиното отварање се очекува оваа година.






Ние се грижимеза 250 деца цело време305 дена во годината

Здравје

Здравје

Едукација

Едукација

Хигиена

Хигиена

Здрава исхрана

Здрава исхрана

Еден ден во градинка

Горди сме што растеме, играме,твориме а и учиме заедно со децата и ние ... 
во една креативна, здрава и безбедна атмосфера со еднакви можности за сите.
Почнуваме со работа
весели и среќни
08.30
Ужинка
здрава и хранлива
Активности
забава и учење
12.00
Ручек
со многу витамини
Одмор и одење дома
уште еден преубав ден
06.30
Ужинка
здрава и хранлива
08.30
10.00
Ручек
со многу витамини
12.00
14.00

Пријавете се за новости

Контактирајте не:

Alt Text

Контакт

ул.9ти Мај бб. Кочани

+389  33 274 373

info@pavlinaveljanova.eu.mk

За нас

Линкови

Линкови